Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИ НА СТАНОВИ ВО ЦРНА ГОРА: Во кој дел се најевтини?

ЦЕНИ НА СТАНОВИ ВО ЦРНА ГОРА: Во кој дел се најевтини?

Во Подгорица, просечната цена на стан била 2.108 евра, на крајбрежјето 2.333 евра, во централниот регион 1.068 евра, додека на северот била 1.547 евра.

Монстат објаснува дека нивото на просечната цена на становите во Црна Гора зависи од учеството на становите од категоријата заедничка станбена изградба.

„Доколку учеството на овие станови е поголемо, просечната цена на стан во нова зграда ќе биде помала, односно ако учеството е помало, цената ќе биде повисока“, се наведува во соопштението.

Во вториот квартал од 2025 година, во категоријата комерцијални претпријатија (пазарна цена), просечната цена по квадратен метар стан изнесувала 2.201 евра, додека во категоријата заедничка станбена изградба нема регистрирани продажби.

Според методологијата на истражување „Цени на станови во новоградба“, во пресметката се вклучени само становите што се продадени за прв пат, односно за кои е склучен првиот договор за продажба.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести