ЦЕНИ: Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за половина
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,40%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно методологијата за пресметка, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврден и со Одлуката од 20.10 .2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,058 ден/кг и ќе изнесува 34,835 ден/кг.
Овие цени ќе важат од ноќеска на полноќ, во следните две недели.
