ЦЕНАТА ПАДНА: Колку чини грам злато?
Цената на златото денеска се намали.
На дел од европските пазари таа се спушти на околу 113 евра за грам или унца (31,1 грам) чини 3.542 евра. Овој пад предизвика внимание кај инвеститорите, штедачите и трговците со благородни метали. По повеќемесечниот раст и рекордните нивоа достигнати на почетокот на годинава, денешниот пад на берзите отвори дилеми дали станува збор за краткорочна корекција или за почеток на подолгорочен надолен тренд.
Според аналитичарите, зад намалувањето на цената стојат повеќе фактори. Меѓу нив се очекувањата дека американските каматни стапки ќе останат високи подолг период, што ја намалува привлечноста на златото како инвестиција. Дополнително, зајакнувањето на американскиот долар и намалената побарувачка за таканаречени „сигурни засолништа“ придонесоа инвеститорите да се насочат кон други финансиски инструменти.
Денешниот пад следува по историскиот раст што златото го доживеа во изминатите месеци. Највисоката цена на унца злато беше регистрирана во јануари 2026 година.
