Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на златото со најголем неделен пад

Цената на златото со најголем неделен пад

Цената на златото e со најголем неделен пад од средината на 2013 година. 

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД го зголеми апетитот за ризик кај инвеститорите, а највредниот метал ја изгуби атрактивноста. 

Цената на златото се намали во петокот до 5-месечно дно. 

Фјучерси на златото поевтинија со 3,10% до 1 227,15 долари за унца, што е најниско ниво од 6 март наваму.

MarketWatch наведува дека неделниот пад на цената на златото изнесува околу 6,2%, што е најостар пад од јуни 2013 година, кога највредниот метал поевтини за 6,9% за недела.

Кон 11.20 часот во понеделникот златото поевтинува со 0,16% до 1 222,35 долари за унца.

И цената на среброто се намали во петокот со 7,5% до 17,33 долари за унца.


Слично

Поврзани вести