Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на златото на најниско ниво од девет месеци

Цената на златото на најниско ниво од девет месеци

Цената на златото минатата недела беше на најниско ниво од девет месеци. 

Неделната промена е во негативна насока во износ од околу 2%. 

Цената е таква поради шансите за зголемување на каматните стапки во САД , соопшти Investing.com.

Фјучерсите на златото со испорака во декември поевтинија со 0,53% до 1 183 долари за унца на платформата Comex во Њујорк. Оваа цена беше најниска од 5 февруари наваму.

Кон 10.55 часот златото поскапува со 1,32% до 1 194 долари за унца.

Златото е чувствително на движењата на каматите во САД. 

Среброто исто поевтини минатата недела со 0,48% до 16,47 долари за унца.

Бакарот ја испрати седмицата на ниво од 2,46 долари за килограм. Овој месец индустрискиот метал поскапе за 22% поради надежите дека побарувачката ќе се зголеми, ако администрацијата ги исполни ветувањата за повеќе инфраструктурни проекти.





Слично

Поврзани вести