Цената на суровата нафта од типот Брент се искачи на 93,01 долари за барел
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, при што цената на суровата нафта од типот Брент се искачи на 93,01 долари за барел.
Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваат по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање.
Фјучерсите за сурова нафта WTI за испорака во јули на њујоршката берза (NYMEX) се зголемија за 2,21 долари на 89,57 долари за барел.
Во текот на викендот, САД и Иран разменија предлози за нацрт-договор со кој ќе се продолжи прекинот на огнот и ќе се отвори Ормутскиот теснец, но степенот на напредок во разговорите останува нејасен.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, го повтори своето барање Техеран да ја суспендира својата нуклеарна програма и целосно да го врати статусот на Ормутскиот теснец како отворена меѓународна транспортна „артерија“, според „Трејдинг економикс“, објави Танјуг.
Цените на нафтата паднаа во мај, но остануваат високи во споредба со нивоата пред војната.
