Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на струјата во Франција урива рекорди

Цената на струјата во Франција урива рекорди

Во Франција цената на струјата урива рекорди. 

Големопродажната цена на струјата во Франција достигна рекордно ниво, надминувајќи 1.000 евра за мегават-час, што е за 1.000 отсто повеќе од пред една година, пишува весникот „Фигаро“.

За истиот период минатата година струјата во земјата била 85 евра за мегават-час. Просечната цена на струјата во многу држави од ЕУ  надмина 700 евра за мегават-час, потсетува РИА „Новости“. Весникот пишува дека зад ваквото поскапување стојат неколку причини – ограничување на испораката на руски гас во Европа поради конфликтот во Украина, како и исклучување на неколку нуклеарни реактори во Франција поради корозија. Само 24 од 56-те нуклеарни реактори на ЕДФ во Франција работат. 

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно ги информираше граѓаните дека времето на изобилство заврши. 

foto freepik.com/bell_ka_pang

Слично

Поврзани вести