ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА „ОДЛОЖИ“ ВЕНЧАВКА: Млад пар во Австрија не може да си дозволи таков „луксуз“
Горноавстрискиот
социјалдемократ Михаил Линднер бара од покраинската влада на Горна Австрија
итно да свика посебна седница и да воведе т.н. „кочи“ и „стоп“ за поскапувањето
на струјата, гасот и парното.
Млад брачен пар од Вајзенкирхен во Горна Австрија со нетрпение ја очекуваше црковната венчавка, која требаше да се одржи во локалната црква. Но, за жал, тоа нема да се случи, пишува денеска австрискиот таблоид „Heute“. Причината верувале или не е високата сметка за струја! Инаку, младиот пар веќе е во граѓански брак и има три деца од две, четири и шест години.
„Сакавме бракот да го крунисаме со црковна венчавка, но сега не можеме да си ја дозволиме таа церемонија“, вели 34-годишниот Даниел С. Семејството живее во стан под кирија, и досега плаќале 267 евра месечно за струја, а од јануари годинава, месечно ќе мора да издвојуваат 649 евра.
„Сега нашите месечни фиксни трошоци се над 2.000 евра. И тоа со нашите месечни примања од 2.700 евра“, изјави тој за „Heute“
„Луѓето се поделени“, рече претседателот на Социјалдемократите (SPÖ) на австриската покраина Горна Австрија, Михаел Линднер, додавајќи:
„Луѓето добиваат и сметка по пошта од нивниот снабдувач со енергија со четири пати поголема сума за гас.
Линднер го раскажа и случајот со очајниот пензионер од Горна Австрија, чија сметка за гас во декември минатата година, била 160 евра, а сега се зголемува на 540 евра од јануари 2023 година. Значи, кој може да ги издржи неконтролираните цени и поскапувања, прашуваат деновиве многу помалку финансиски упатени Австријци, не само во Горна Австрија, туку и во останатите осум австриски провинции.
