Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на струјата нема да се менува, но до кога

Цената на струјата нема да се менува, но до кога

Цената на струјата нема да поскапува. Регулаторната комисија за енергетика тврди дека цената нема да се менува бидејќи ЕЛЕМ работи рентабилно, а особено РЕК Битола. Исто така, регулаторна одлучи цената да остане иста и во текот на наредните 12 месеци.

Од понеделник, 1 јули, домаќинствата, електрична енергија ќе добиваат од универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Со тоа се комплетира целосниот процес на либерализација на пазарот со струја.

Ценовни шокови нема да има, а потврда за тоа е објавата на старо – новата цена која ќе ја плаќаат граѓаните, велат од регулаторна.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски изјави дека ЕЛЕМ ќе обезбеди финансиска стабилност бидејќи со либерализацијата на пазарот на електрична енергија се отвори поголем простор и поголеми количини да се продаваат на слободниот пазар на електрична енергија и во Македонија и во странство по повисоки цени. Придобивки кои влијаеле во одлуката за цената на електрична енергија.

И премиерот Заев на дебатата во собранието за пратенички прашања ја искоментира одлуката на регулаторна за цената на електричната енергија да остане иста.

Според него, многу е значајно тоа што цената на струјата нема да се менува, бидејќи така граѓаните и компаниите ќе заштедат, така води државата грижа за социјалниот аспект на граѓаните.


Слично

Поврзани вести