Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЌЕ ЗАТВОРИ АВСТРИСКА ФАБРИКА: Неизвесност за 70 работни места во „Линк текстил“

ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЌЕ ЗАТВОРИ АВСТРИСКА ФАБРИКА: Неизвесност за 70 работни места во „Линк текстил“

Австриската компанија „Линк текстил“ кон крајот на март идната година ќе го затвори производниот погон во Ландек, во провинцијата Тирол, а причината е што цената на струјата е превисока.

„Поради експлозивните цени на струјата, предноста на азиската конкуренција стана преголема“, велат од концернот. Високата цена на струјата го прави невозможно производството по меѓународно конкурентни цени, додаваат од компанијата.

Затворањето на фабриката ќе влијае на 70 работни места, а фабриката Ландек произведува 1.800 тони памучно предиво годишно.


Слично

Поврзани вести