Цената на струјата ќе поскапи до 10 отсто
Многу скоро ќе имаме нова цена на струјата.
Цената на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто, изјави за Алсат-М министерот за економија Крешник Бектеши, за емисијата „Економски магазин’, која ќе се емитува утре во 22 часот.
Официјалните податоци за поскапувањето ќе бидат објавени на 9 декември, кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, која набавува струја за потребите на домаќинствата и за малите потрошувачи.Претходно се споменуваше и дека струјата може да поскапи за 20 отсто.
Во земјава скокнаа трошоците за живот. Ова го нотираше Државниот завод за статистика.
Слично
