Цената на струјата ќе се намали за 5,24 проценти
Од од први јули цената на електричната енергија ќе биде пониска за 5,24 пороценти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Прес конференцијата на РЕК на која се информира за намалувањето на цената на струјата и причините за тоа сеуште е во тек.
Но, според претходните информации, поевтинувањето е побарано заради намалената потрошувачка на електрична енергија заради топлата зима, обилните врнежи кои ги наполнија акумулациите и го зголемија домашното производство што придонесе за намалување на увозот на струја.
Минатата година струјата поскапуваше два пати и вкупно цената се зголеми за окулу 20 проценти.
Слично
