Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

Среброто ја проби психолошката граница од 60 долари за унца и достигна околу 60,82 долари на њујоршката берза, со дневен скок од околу 4 отсто. Фјучерсите на сребро се искачија до 61 долар, по допирање на дневен максимум од 61,06 долари.

Станува збор за рекорден историски максимум. Среброто го надмина и легендарното ниво од 49,95 долари од 1980 година и зад себе остави година во која се покажа поагресивно и од златото. Спот-цената на среброто досега во 2025 година се зголемила за речиси 109 проценти, додека златото „скромно“ застанува на околу 60 проценти раст. Платината, поттикната од побарувачката во автомобилската индустрија и електричните возила, бележи раст од 86 проценти.

Лондон, како најголем светски центар за тргување со сребро, годинава практично останал „празен“. Инвестицискиот директор Ананат Џатија за „Блумберг“ изјавил дека во октомври „немало никаква ликвидност“, оценувајќи дека тоа што се случува со овој метал е „без преседан“.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести