Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата ja почна неделата со раст

Цената на нафтата ja почна неделата со раст

Фјучерсите на суровата нафта поскапеа благо денеска откако американската влада се подготвува да го укине правилото кое налага транспарентност на плаќањата од страна на енергетските и металуршки компании пред странските влади, објави MarketWatch.

Ако биде одобрена, промената ќе значи помалку ограничувања за американските енергетски компании кои инвестираат во странски земји.

Фјучерси на американската сурова нафта за испорака во март се креваат со 9 центи или 0,17%, до 53,92 долари за барел, а на нафтата сорта Брент за испораките во април - 25 центи, или 0,44%, до 57,06 долари за барел. 

Во текот на викендот суровата нафта поскапе. 

Слично

Поврзани вести