Цената на нафтата падна по коментарите на Венс - расте надежта за смирувње на конфликтот на Блискиот Исток
Цените на нафтата паднаа во вторник, бидејќи трговците ја разгледуваа блокадата на иранскиот превоз од страна на САД и знаците дека Вашингтон и Техеран сè уште би можеле да продолжат со мировните преговори.
Фјучерсите за сурова нафта во САД за испорака во мај паднаа за 1,73% на 97,34 долари за барел од 2:30 часот наутро по источно време. Меѓународниот репер Брент за испорака во јуни падна за 0,89% на 98,46 долари за барел.
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави во понеделник дека следните чекори во мировните напори меѓу САД и Иран сега зависат од Техеран, откако се врати од разговорите за време на викендот кои не донесоа пробив, пишува CNBC.
„Без разлика дали ќе имаме понатамошни разговори, дали на крајот ќе постигнеме договор, навистина мислам дека топката е во иранскиот двор, бидејќи ставаме многу на маса“, рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Тој, исто така, истакна дека договорот би можел да им користи на двете страни ако се исполнат условите на САД, особено за нуклеарната програма на Иран.
Ова доаѓа откако САД започнаа „блокада“ на иранските пристаништа во Персискиот Залив во понеделник. Претседателот Доналд Трамп во неделата изјави дека САД ќе го блокираат теснецот, што претставува остра ескалација по двонеделното примирје.
Централната команда на Соединетите Американски Држави подоцна изјави дека мерките ќе се применуваат само за бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните зони.
Блокадата „директно го загрозува“ извозот на нафта на Иран преку Ормутскиот теснец, кој минатиот месец изнесуваше околу 1,7 милиони барели дневно, според Вивек Дар од Комонвелт Банката на Австралија.
„Затоа, блокадата дополнително ги стеснува пазарите на физичка нафта и рафинирани производи“, рече тој.
Фото: Икс
