Цената на нафтата осум недели по ред расте, побарувачката се зголемува поради руско-украинските тензии
Поради растот на побарувачката и складирањето за време на руско-украинските тензии, изминатата недела повторно имаше раст на цените на нафтата на светските берзи.
Станува збор за осма недела по ред, а причината е зголемената побарувачка. Сените се највисоки од крајот на 2014 година.
Скокот од три отсто последно евидентиран во петокот следуваше откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина. Се тврдеше дека нападот може да се случи секој ден, па затоа, сите Американци би требало да ја напуштат Украина во рок од 24 до 48 часа.
– Сите сакаат да си обезбедат доволно нафта… ако дојде до инвазија, знаете дека следуваат санкции против Русија, што може да предизивикаат нарушување на снабдувањето со гас и нафра, изјави во петокот, Ендрју Липов, претседател на Lipow Oil Associates.
Светската побарувачка за нафта оваа година може да расте уште повеќе со оглед на силното закрепнување на економиите од корона кризата.
