Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата носи инфлација, а карантинот во Кина доведува до проблеми со снабдувањето

Цената на нафтата носи инфлација, а карантинот во Кина доведува до проблеми со снабдувањето

Зголемените цени на суровата нафта доведуваат до зголемување на инфлацијата, а блокадата поради коронавирусот во Кина ги влошува прекините на снабдувањето, изјави претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел.

„Притисокот на цените се прошири на поширок опсег на стоки и услуги. „Порастот на цените на суровата нафта и другите стоки кои произлегуваат од руската инвазија на Украина создаваат дополнителен притисок врз инфлацијата“, рече Пауел на прес-конференција по одлуката на централната банка за историското зголемување на каматните стапки.

Пауел додаде дека затворањето во Кина во врска со короната најверојатно дополнително ќе ги влоши прекините во синџирот на снабдување.

ФЕД денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени или за 0,5 отсто по завршувањето на дводневното собрание.

Со агресивниот потег на Централната банка, најголемото зголемување на стапката од 2000 година, референтната стапка беше доведена во опсег од 0,75 до 1 отсто, од претходното ниво од 0,25 до 0,5 отсто, се со цел да се бори против рекордно високата инфлација.

„Инфлацијата е превисока и ги разбираме тешкотиите што ги предизвикува. Брзо реагираме за да ја вратиме назад. Исто така, ги имаме потребните алатки и решителноста што ќе бидат потребни за да се врати стабилноста на цените“, рече тој.

Пауел рече дека американската економија се проширила со силна стапка од 5,5 отсто минатата година, но вкупната економска активност паднала во првиот квартал.

Тој истакна дека Индексот на цените на личните расходи (PCE), индикаторот за инфлација на ФЕД, скокнал за 6,6 отсто во март на годишна основа.


Слично

Поврзани вести