Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата може уште да паѓа - Ништо од договорот меѓу ОПЕК и Русија

Цената на нафтата може уште да паѓа - Ништо од договорот меѓу ОПЕК и Русија

Без оглед на лобирањето на Русија, Саудиска Арабија и земјите од Голфскиот залив не е постигнат договор со картелот на производители на нафта. Лидерите на ОПЕК на денешната средба во Виена не постигнаа договор за намалување на дневното производство на „црното злато“, чија цел е зголемување на неговата цена на светските берзи.

По завршувањето на состанокот, како што јави ТАСС, азербејџанскиот министер за енергија Натик Алиев изјави дека на заседанието било договорено на 25 и 26 ноември да се одржи средба на експертската група за преговори за намалување на производството на нафта. 

- Задоволен сум од денешната средба. Резултатите се охрабрувачки, изјави кусо Алиев, додавајќи дека било договорено да се одржуваат редовни состаноци во зависност од движењета и промените на нафтениот пазар.

На денешната средба се разговараше за планот за сведување на дневното производство на нафта на ниво од 32,5 до 33 милиони барали, но не беше постигнат конечен договор поради противење на некои од државите производители на енергенсот.

Уште пред почетокот на средбата во Виена, Иран најави дека нема да го намали своето производство на нафта, во обид да се справи со последиците од неколкугодишното нафтено ембраго, кое му беше укинато во јануари годинава по договорот за иранската нуклеарна програма.

Ирак, исто така, соопшти дека нема да се согласи на намалување на нафтеното производство, правдајќи ја ваквата своја одлука со фактот дела земјата „води војна против џихадистичката група Исламска држава (ИД)“.

Казахстанскиот министер за енергија Магзум Мирзагаливе денеска во Виена изјави дека ниту Казахстан не е подготвен да се приклучи кон евентуален договор за намалување на производствоот на нафта. 

На стартот на денешната средба во Виена генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо оцени дека обидите за ребалансирање на производството на нафта траат веќе премногу долго и дека земјите производители повеќе „не можат да го прифатат ризикот и натаму да се занимаваат со минимални корекции“.


Слично

Поврзани вести