Цената на нафтата Brent на ниво од 21-ви јули 2015 година
Цената на нафтата Brent се искачи над 57 долари за барел, што е првпат од 21-ви јули 2015 година.
Ова е реакција на потпишувањето на договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и земјите производители надвор од картелот за намалување на производството, покажуваат податоците од електронското тргување на лондонската Меѓуконтинентална берза ICE, претходно International Petroleum Exchange од ноќта кон понеделникот.
На средбата во петокот во австриската престолнина Виена земјите членки на OPEC земјите надвор од организацијата, постигнаа договор за заедничко намалување на производството. Земјите на OPEC објавија намалување на 1,164 милиони барели дневно во текот на првата половина на наредната 2017 година и ќе се приклучат 11-те земји, кои ќе го намалат производството за уште 558.000 барели дневно. Вкупното намалување ќе биде од 1,7 до 1,8 милиони барели.
Мексико ќе го намали производството за 100.000 барели нафта дневно, Оман за 40.0000, Азербејџан за 35.000, Казахстан за 20.000. Намалувањето на другите 63.000 барели дневни се распределени меѓу Судан, Јужен Судан , Малезија, Екваторска Гвинеја, Брунеи и Бахреин.
Министерот за енергетика на Русија којашто ја водеше групaте земји вон OPEC, Александр Новак изјави во саботата дека неговата земја ќе се придржува до обврските за намалувањето на производството за 300.000 барели.
Со договорот на OPEC се стави крај на повеќенеделната неизвесност и нестабилност на нафтените пазар, зголемувајќи ги цените на повеќе од 50американси долари првпат по еден месец.
