Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафта повторно во пораст поради психолошки момент

Цената на нафта повторно во пораст поради психолошки момент


Цените на нафтата повторно растат, бидејќи се намалува стравот од рецесија. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,7 отсто - на 96,07 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,7 отсто - на 88,20 долари. 
На нафтените пазари се уште владее неизвесност, па еден ден цената на барелот расте, а следниот ден паѓа. На светските берзи цените на нафтата пораснаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи се намалија стравувањата од рецесија, но трговците се загрижени за забавувањето на растот на кинеската економија поради проширувањето на рестриктивните мерки против Ковид -19, пренесува Ројтерс. 
Цените се поддржани од неодамнешната одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да го намалат производството за два милиони барели дневно од ноември и неодамнешното стапување во сила на ембаргото на ЕУ за руската нафта и деривати. 

Слично

Поврзани вести