Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНАТА НА МАЗУТОТ Е ПРЕДИЗВИК КОЈ ОСТАНУВА: Државата ќе интервенира кон ЕСМ за 2.000 тони мазут

ЦЕНАТА НА МАЗУТОТ Е ПРЕДИЗВИК КОЈ ОСТАНУВА: Државата ќе интервенира кон ЕСМ за 2.000 тони мазут

Електро-енергетскиот сектор вo државата е стабилен, во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола имаме околу 80 илјади тони јаглен, во Кичево 160 илјади тони, акумулациите се на ниво од 40 отсто или тоа би било доволно за се да престане тие само да работат за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но нормално се останато си функционира нормално така што електро енергетскиот систем е апсолутно стабилен, изјави вчера премерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по по владината седница, на која беа донесени две одлуки - намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. 

Мицкоски нагласи дека единствен предизвик претставува цената на мазутот, бидејќи таа е поврзана со онаа цена којашто ја определува РКЕ, па оттука најави дека на следната редовна седница во вторник размислуваат да донесат одлука со којашто државата ќе интервенира кон ЕСМ со одредена количина на мазут, отприлика 2.000 тони.

-Со тоа нема дозволиме да се зголемат трошоците на компанијата, имајќи ги предвид поволната хидролошка состојба и консолидирањето на рудниците конечно можеме да кажеме дека во А.Д. ЕСМ состојбата е нормализирана и е стабилна, и не сакаме да дозволиме со овие повисоки цени на мазутот да дојде до дизбаланс на финансиското портфолио на компанијата. Тие знаете дека вршат регулирана дејност, потоа тоа го пријавуваат во РКЕ и врз основа на тоа и врз основа на трошоците се зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека со оваа интервенција очекуваат таа цена да не биде зголемена, односно да влијаат повторно позитивно и да го одржат стандардот на граѓаните.

-А со тоа да овозможиме рекордно ниско ниво споредено со другите држави во Европа на инфлација, односно на зголемување на трошоците за живот, нагласи премиерот. 


Слично

Поврзани вести