Цената на кафето двојно се зголеми за само неколку дена
Екстремните суши ги спржија плантажите на кафе во Бразил. Цената на кафето двојно се зголеми за само неколку дена. Бразилското здружение на производители на кафе Абиќ проценува дека цените на печеното кафе во Бразил скокнале за околу 80 отсто од декември до крајот на јули. На американскиот пазар, цената на Арабика се удвои за година дена.
Големите суши во последните 2 децении, а потоа и мразеви, како и новите рекордно високи трошоци за превоз, веќе доведоа до брз раст на цените на кафето во светот. Бразил испорачува 30 отсто од вкупниот светски извоз на кафе. Обемот на штетата се утврдува, но во областите каде што плантажите за кафе не преживеаја, ќе бидат потребни седум години за целосно да заживее производството, тврдат експертите.
Неодамна температурите во Бразил се спуштија до минус 10 степени, а падна и снег. Ова беше шок за Бразилците.
foto unsplash.com
