Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ПАДНА: Еве за колку ќе точите бензин и дизел од денес

ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ПАДНА: Еве за колку ќе точите бензин и дизел од денес

Ноќеска на полноќ официјално стапија на сила новите цени на нафтените деривати кои ќе се точат по овие цени во следните две недели.

Првиот човек на регулаторна комисија кажа дека станува збор за најголемото поевтинување на горивата досега.

Според  претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски се случил историски пад на цената на горивата.

Имено, од денеска на бензинските пумпи ЕУРОСУПЕР 95 ќе точите за  67 денари а ЕУРОСУПЕР 98 по 69 денари за литар. Овие два вида на гориво поевтинија  4,5 денари односно 4 денари.

Дизелашите ќе полнат резервоари по цена од 64,5 денари за килограм а тоа значи дека нафтата паднал за 3 денари.

 Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде со цена пониска за 3,5 денари и ќе чини 53 денари за литар.

Причината за поевтинувањето е падот на цената на нафтата на светските берзи. 

Слично

Поврзани вести