Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на гасот со апсолутен ценовен рекорд

Цената на гасот со апсолутен ценовен рекорд

Утрово е поставен нов рекорд на цената на гасот во Европа и оди над 3.000 долари за 1000 кубни метри, покажуваат податоците на Лондонската берза ICE.

На денешната сесија досега квотите на синото гориво се зголеми за 39 проценти, забележува ТАСС.

Априлските фјучерси на центарот TTF во Холандија се зголемија на 3.017,5 долари за 1.000 кубни метри, или кога би се произведувало електрична енергија тоа би изнесувало 267 евра за мегават час.

На отворањето на берзата тргувањето започна од 210 евра за мегават-час или 2.280 долари за 1.000 кубни метри. Последователно, цената почна нагло да расте, достигнувајќи апсолутен ценовен рекорд.


Слично

Поврзани вести