Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на гасот се зголеми: Најмногу за 10 месеци

Цената на гасот се зголеми: Најмногу за 10 месеци

Цените на фјучерсите на гасот во Европа денеска на берзата TTF во Амстердам се зголемија за шест проценти на 42,4 евра за мегават-час, што е највисоко ниво од март 2025 година.

Зголемувањето на цените следеше по падот на испораките на течен природен гас (LNG) од Соединетите Американски Држави, бидејќи зимските бури го нарушија производството и го намалија протокот на гас до американските извозни терминали, во време кога Европа се подготвува за нов бран на заладување, објавува „Трејдинг економикс“.

Европа е во голема мера зависна од американскиот LNG откако се откажа од испораката преку руските цевководи поради војната во Украина, па затоа Европската Унија сега е поранлива на прекини во снабдувањето од Соединетите Американски Држави.

Нивото на зафатеност на европските складишта за гас се намали на 45,6 проценти, во споредба со 56,5 проценти пред една година, а особено ниски залихи беа забележани деновиве во Германија 37,5 проценти, Франција 36,4 проценти и Холандија 31,1 процент.

Цените на природниот гас во Соединетите Американски Држави денеска се искачија на највисоко ниво од крајот на 2022 година, откако огромна зимска бура ја зафати земјата и ја зголеми побарувачката за енергија.

Повеќе од 822.000 американски клиенти останаа без електрична енергија, а вчера повеќе од 12.500 летови беа откажани поради бурата, пренесува CNBC.

Слично

Поврзани вести