Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНАТА НА ГАС ВО ЕВРОПА СКОКНА ПОВЕЌЕ ОД 10 ОТСТО: Се огласи Путин

ЦЕНАТА НА ГАС ВО ЕВРОПА СКОКНА ПОВЕЌЕ ОД 10 ОТСТО: Се огласи Путин

Цената на гасот во Европа денеска порасна за повеќе од 10 отсто по руското признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), пренесува Тас.

Руската агенција се повикува на податоци од лондонската берза ICE.

Цената на мартовските фјучерси на гас во холандскиот центар ТТФ достигна околу 935 долари за 1.000 кубни метри, или 80 евра за мегават-час.

На 21 февруари рускиот претседател Владимир Путин го призна суверенитетот на ДНР и ЛНР и потпиша договори за пријателство, соработка и взаемна помош со нивните лидери, додава руската агенција.

Во исто време, цените на нафтата се забрзаа поради стравувањата дека украинско-руската криза ќе ескалира во воен конфликт и стравувањата од потенцијално нарушување во снабдувањето со овој извор на енергија ширум светот.

Цената на европската нафта брент, која се смета за меѓународен стандард на нафтениот пазар, достигна седумгодишен максимум од 99,38 долари за барел, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Претходно на терминското тргување рано изутрина, цената на „брент“ беше 96,85 долари за барел.

Путин: Русија континуирано ќе испорачува гас на светските пазари

Русија ќе продолжи континуирано да испорачува природен гас на светските пазари, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во писмо објавено на Енергетската конференција во Доха, пренесува Ројтерс.

Пораката дојде додека САД и нивните европски сојузници се подготвуваа да објават нови санкции кон Русија, откако претседателот Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск и испрати руски војници во двата региони во источна Украина, се додава во соопштението.

foto: freepik.com

Слично

Поврзани вести