Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на ф'стаците е на осумгодишен максимум

Цената на ф'стаците е на осумгодишен максимум

Поради зголемената побарувачка и неможноста за извоз од Иран, цените на ф'стаците неодамна достигнаа осумгодишен максимум.

„Во магацините во Иран има големи количини ф'стаци, чиј извоз од земјата е запрен поради војната, а речиси целосниот прекин на интернетот во таа земја значи дека компанијата „Борна Фудс“, која снабдува некои од водечките британски трговци на мало, не може ниту да контактира со добавувачите“, изјави директорот на таа компанија, Бехнам Хеџдарипур.

Флуктуациите на цените се екстремни и многу е тешко да се предвиди пазарот, пренесе Блумберг.

Иран е втор најголем производител на ф'стаци во светот, а конфликтот на Блискиот Исток го спречи нивниот извоз во време кога побарувачката за ф'стаци се зголеми, поради трендови како што е популарното чоколадо од Дубаи, чија главна состојка се ф'стаците.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести