Цената на „црното злато“ тргна надолу
Цената на нафтата денеска тргна надолу.
Причина за падот на цените на нафтата е недостатокот на можности за реализација на бараното од земјите производители за ограничување на производството.
Малку по 6 часот утрово декемвриските фјучерси на сортата "брент" од Северното Море се намалија за 0,43% до 50,46 долари за барел. Барел од американската референтна сорта WTI со испорака во декември се намали за 0,39% до 50,46 долари.
По средбата на експертите од земјите, производители на нафта, за разгледување на опции за реализирање на Алжирски решенија (за регулирање на производството со цел задржување и зголемување на цената) беше одлучено да има следат слични консултации пред самитот на министрите на земјите од ОПЕК на 30 ноември.
До тоа време, како што се очекува, ќе бидат допрецизирани како сопствените, така и понудените податоци за можно замрзнување на нивото на производството на нафта или дури за неговото намалување.
