Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на бензините конечно се намалува!

Цената на бензините конечно се намалува!
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,39%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/ли, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,84 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 30.06.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,348 ден/кг. Новите цени почнуваат да важат од ноќеска на полноќ  во следните две недели.
Слично

Поврзани вести