Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на бензините кај Регулаторна, како ќе не удри денеска

Цената на бензините кај Регулаторна, како ќе не удри денеска

Завршува двонеделниот либерализиран пазар на нафта и нафтени деривати. Од денеска, повторно, Регулаторната комисија за енергетика ќе го има последниот збор за формирањето на цените на дериватите на бензинските. Измените на Законот за енергетика стапија на сила и се објавени во Службен весник. Она што е важно што регулаторите, по новата методолгија ќе ја формираат цената, исто така согласно движењето на цената на нафтата на светскиот пазар, курсот на доларот. 

Во таа цена треба да се вкалкулирани и трошоците на компаниите за транспорт на дериватите. Таа цена ќе биде максимална, а дистрибутерите може да одат и со помала маржа. Сепак, Регулаторна не им ги призна на дистрибутерите трошоците во висина во која тие бараа. 

Новата малопродажна маржа е 4,6 денари, а трошокот за транспорт во државата ќе изнесува 0, 75 денари. За регулаторите ова е разумен профит, но за дистрибуитерите ова е нелогично затоа што сметаат дека имаат зголемени тропшоци кои ги признава и регулаторна но тоа не се огледа во признаените трошоци. 

Колкава ќе биде цената ќе објави Регулаторна денеска. 

Еве што пишуваше Фактор за реакциите на нафтените дистрибутери овде.



Слично

Поврзани вести