Цената на бакарот постави нов рекорд
Цената на бакарот денеска продолжи со силниот раст откако за прв пат го надмина нивото од 13.000 долари за тон, бидејќи инвеститорите сметаат на ограничена понуда и зголемен апетит за ризик на глобалните финансиски пазари.
Тригодишните фјучерси за бакар на Лондонската берза за метали (LME) пораснаа за 3,1 процент, на рекордни 13.387,50 долари за тон, надминувајќи го максимумот поставен претходниот ден.
Порастот на цените беше поттикнат од очекувањата дека претседателската администрација на Доналд Трамп би можела да воведе царини за рафиниран бакар, што доведе до масовно пренасочување на испораките кон САД, објавува Блумберг.
Поради ова, понудата на бакар во остатокот од светот е ограничена, а рударите не успеваат значително да го зголемат производството.
Индексот на Лондонската берза за метали LMEX, која ги следи цените на шест клучни метали, скокна на највисоко ниво од март 2022 година, додека бакарот забележа раст од повеќе од 20 проценти од крајот на ноември.
Увозот на бакар во САД во декември се искачи на највисоко ниво од јули, откако трговијата се обнови по најавите дека прашањето за царини за рафиниран бакар може да се разгледа во текот на 2026 година.
Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави(САД) треба да достави ажуриран извештај за пазарот на бакар до крајот на јуни, по што се очекува одлука за можни царини.
Претходен предлог вклучуваше царина од 15 проценти од 2027 година, која ќе се зголеми на 30 проценти во 2028 година, но тој план сè уште не е потврден.
foto printskrin youtube
