ЦЕНАТА ЌЕ ПАЃА: Од сабота ќе плаќаме помали сметки за струја
Евтината дневна тарифа на струјата ќе биде вратена . Ова го најавуваше новата власт како приоритет а веќе од сабота ќе се намали цената на струјата.
Граѓаните ќе плаќаат помали сметки а точниот процент на намалување ќе се знае утре.
Во јавноста се појавија неофицијални информации според кои цената на струјата ќе падне за 0,25 отсто.
Премиерот Заев пак на првиот работен ден и првото обраќање кое го имаше на Конференција истакна дека новата Влада ќе им даде шанса на жените енергетичари и ќе го развива енергетскиот сектор, на начин што ќе цели кон намалување на цената на електричната енергија за граѓаните и домаќинствата, успешно работење на енергетските компании и економски раст во интерес на Република Македонија.
„Во наредниот период Владата на Република Македонија силно ќе се насочи кон обезбедување енергетска сигурност и независност. Ќе ставиме посебен акцент на обновливите извори на енергија. Сонцето, симболот на нашата земја, ќе биде извор на енергија за секое домаќинство.
Ќе го зголемиме домашното производство на струја. Ќе вложиме во развој на домашните енергетски капацитети и ќе изградиме нови, со цел да го намалиме скапиот увоз на струја.
Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата, но за поевтина струја ќе направиме и низа други стратешки чекори. Ќе обезбедиме енергетска ефикасност.
Ќе обезбедиме слободен пазар на електрична енергија согласно европските директиви. Ќе го донесеме и гасот до секое домаќинство како поевтин и еколошки енергенс“, истакна Заев.
Лидерот на владечаката партија истакна дека и на овој начин ќе се отворат и нови работни места во енергетиката.„Ова се клучните чекори што ќе ги направиме во енергетиката, за да им овозможиме на граѓаните поевтина струја и стабилно снабдување со електрична енергија, како и стабилна економска клима за функционирање на енергетските компании.
