Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНА НА СТРУЈАТА: Номинално најевтина, но според стандардот скапа колку во ЕУ

ЦЕНА НА СТРУЈАТА: Номинално најевтина, но според стандардот скапа колку во ЕУ

Номиналната це­на на сто ки­ло­ват- часови елек­трич­на енер­ги­ја во Македонија е ме­ѓу нај­нис­ки­те во Ев­ро­па, но ако се спо­ре­ду­ва ку­пов­на­та моќ на населението, смет­ки­те за стру­ја му те­жат на бу­џе­тот на ед­но ма­ке­дон­ско до­ма­ќин­ство ре­чи­си ис­то кол­ку и на ед­но про­сеч­но ев­роп­ско се­меј­ство. А, за разликите во приходите на едно македонско и европско семејство не треба посебно да се зборува, општо познато е дека просечната плата во ЕУ е најмалку трипати поголема од нашиот просек.

Спо­ред пос­лед­ни­те по­да­то­ци од Ев­рос­тат, во 2017 го­ди­на, сто ки­ло­ват-ча­сови со прес­ме­тан ДДВ и дру­ги да­вач­ки во зем­јава чи­не­ле 8,1 ев­ра. По­ев­ти­на стру­ја од нас, но­ми­нал­но, пла­ќа­ле са­мо до­ма­ќинс­тва­та во Србија (7 евра) и во Ко­со­во (6,5 ев­ра).

Но, спо­ред­бата на це­ни­те на елек­трич­на­та енер­ги­ја во ев­роп­ски­те зем­ји ме­ре­на спо­ред ме­то­да­та на па­ри­те­тот на ку­пов­на­та моќ на на­се­ле­ни­е­то, со ко­ја ста­тис­тич­ки се ели­ми­ни­ра­ат раз­ли­ки­те во нивото на це­ни­те по­ме­ѓу зем­ји­те, може да се види дека во однос на цената на другите стоки и услуги, македонските граѓани плаќаат поскапа струја, односно им требаат повеќе пари за неа отколку на Финците, Холанѓаните, Британците и други жители на побогати држави.

Мерено според куповната моќ на населението, струјата во Македонија чини 18,8 ППС (единица со која се изразува стандардот на куповна моќ), во Грција 19,7 ППС, Бугарија 20,6 ППС, Хрватска 19,3 ППС, Австрија 18,2, Словенија 19,9 ППС, а европскиот просек е 20,5 ППС. Ина­ку, спо­ред овој метод, елек­трич­на енер­ги­ја за до­ма­ќинс­тва­та е нај­ска­па во Гер­ма­ни­ја (28,8 ППС), па Пор­ту­га­ли­ја (28), Белгија (26,4), Романија (26) и во Полска (25,4), а нај­ев­ти­на е во Норвешка (11,1) Фин­ска (13) и во Лук­сем­бург (13,4).

Номиналната просечна цена на електричната енергија за домаќинства во Европската унија во 2017 година се намали 0,2 отсто и изнесува 20,5 евра за 100 кВч. Кај нас, лани струјата поевтини за 2 отсто, а сто киловати чинеа 8,1 евра. Најевтина струја меѓу земјите- членки лани плаќаа Бугарите (9,8 за 100 кВч). Потоа следат Литванија (11,1 евра) и Унгарија (11,3 евра), а највисока цена имаше во Германија (30,5 евра), Данска (30,11 евра ) и во Белгија (28,8 евра). Најголем пораст на цените на електричната енергија на домаќинствата во националната валута беше регистриран во Кипар (12,6 отсто), потоа Романија (7,2 отсто), Малта (7,1 отсто), Естонија (6,5 отсто), Обединетото Кралство (5,3 отсто), Бугарија и Белгија (по 4,8 отсто) и Полска (4,5 отсто). Спротивно на тоа, забележливо е поевтинувањето на струјата во Италија (-11,1 отсто), Хрватска (-7,5 отсто), Словачка (-6,2 отсто) и во Грција (-6 отсто).

Уделот на даноците и придонесите во вкупните цени на електричната енергија во домаќинствата значително се разликува помеѓу земјите-членки, кои се движат од две третини во Данска (69 отсто од цената на електричната енергија во домаќинствата се состои од даноци и давачки), а повеќе од половина во Германија (55 отсто) и во Португалија (52 отсто). Ова ниво е најниско во Малта (5 отсто). Во ЕУ, даноците и давачките учествуваат со повеќе од една третина (40 отсто) од цените на електричната енергија во домаќинствата.

Во Ма­ке­до­ни­ја ова учество изнесува 15 от­сто, а од зем­ји­те во ре­ги­о­нот, во Ср­би­ја овој про­цент из­не­су­ва 23 от­сто, во Бу­га­ри­ја 17 от­сто, Ал­ба­ни­ја 17 от­сто, Гр­ци­ја 33 от­сто, Ко­со­во 10 от­сто и во Хр­ват­ска 18 от­сто.

(М.Б.)

Слично

Поврзани вести