Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цементарница Усје со пад на добивката од речиси 1 милион евра

Цементарница Усје со пад на добивката од речиси 1 милион евра

Цементарница Усје АД Скопје по фантастичната 2016-та година во која оствари добивка од речиси 20 милиони евра бележи многу послаби резултати во првиот квартал од годинава со значително намалена добивка без оглед што компанијата и натаму е во „плус“.

Цементарница за првите три месеци од годинава има намалени приходи од продажба кои изнесуваат вкупно 724,5 милиони денари. Продажбата на домашниот пазар во однос на 2016-та е намалена со 502.963.00 денари, но за нијанса е подобрен извозот кој сега изнесува 221.568.000 денари. Овој квартал Цементраница има вкупно 747.447.000 денари оперативни приходи или 46 милиони денари помалку од лани. Пад има кај капитализирано сопствено производство и услуги кое во овој квартал вреди 19.489.000 денари. 

Дека Цементарница Усје остварила помали производствени активности говорат и оперативните трошоци кои се намалени во овој период за околу 14 милиони денари, набавени се трговски стоки во вредност од 68.525.000 денари што значи дека помалку е потрошено од лани кога за истата ставка биле вложени околу 97 милиони денари. 

Зголемување на расходите има кај набавната вредност на продадени материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и автогуми за дури 10 милиони денари. 

Финансиските расходи се доста поголеми во К1 2017 и изнесуваат за 4 милиони денари повеќе во однос на ланскиот период и тоа за расходи по основ на камати и курсни разлики. 

Со намалените трговски активности Цементарница Усје бележи голем пад на добивката во однос на лани за дури 60 милиони денари. Кварталот кој иако е во плус со 110.884.000 денари далеку заостанува зад истиот период лани кога оданочената добивка изнесувала 171.073.000 денари.

Овде станува збор за финансиските резултати кои се неконсолидирани, па очекуваме повеќе податоци за понатамошното работење на Цементарница Усје. Акциите на Цементарница и натаму имаат голема вредност со нето добивка по акција 2.130,95 за изминатата година, а често се распределува и дивиденда.

Автор: Христијан Станоевиќ


Слично

Поврзани вести