Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цементарница УСЈЕ ја зголеми продажбата на домашниот пазар

Цементарница УСЈЕ ја зголеми продажбата на домашниот пазар
Цементарница УСЈЕ АД Скопје оствари позитивни финанскиски резултати од работата во 2013 година, покажа неревидираниот финансиски извештај што компанијата го достави до Македонската берза. На домашниот пазар е регистрирана зголемена вредност на продажбата на производите на оваа компанија за 1%, додека вредноста на продажбата во странство се намалила за 17% во однос на 2012 година. Вкупните приходи од продажбата се намалиле за 5%. Компанијата ја заврши 2013 година со зголемена нето добивка од 12% во однос на 2012 година. Така, нето добивката на компанијата изнесувала 1,5 милијарди денари (речиси 24,5 милиони евра).
Слично

Поврзани вести