Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛТА НЕ Е ДА КАЗНУВАМЕ, ТУКУ ПРАВИЛАТА ДА ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Димитриеска Кочоска вели дека борбата против сивата економија се интензивира

ЦЕЛТА НЕ Е ДА КАЗНУВАМЕ, ТУКУ ПРАВИЛАТА ДА ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Димитриеска Кочоска вели дека борбата против сивата економија се интензивира

 Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа преку својот фејсбук профил порачува дека воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем.

-Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите, а системот функционира транспарентно, наведува министерката. 


Слично

Поврзани вести