Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосна забрана за пушење на омилените плажи на Македонците?

Целосна забрана за пушење на омилените плажи на Македонците?

Грчкото друштво на хематолози (ЕАЕ) бара од државата да се забрани пушењето во паркови, на плажи и спортски терени.

Имено, невладината организација која постои веќе 56 години во своето барање објаснува дека конечно дошло време Грција да земе пример од европските градови, меѓу кои е и Париз, а во кои цигарите се забранети во природни опкружувања наменети за релаксација.

„Уште еднаш бараме од Министерството за здравство да предложи закон до Собранието кој ќе наложува општините задолжително да спроведуваат забрана на пушење на сите јавно отворени површини наменети за одмор и релаксација“, наведува претседателот на Друштвото за хематолози Евангелос Филипулос.

ЕАЕ веќе две години спроведува кампања за кревање на свеста за забрана на пушење на игралишта за деца, но и плажи.

„Немојте да пушите. Овде ние си играме“, гласи слоганот на една од кампањите.

Инаку, Турција одамна спроведува вакви забрани, но на флексибилен начин, па така во луксузните хотели плажите се поделени на неколку делови - за пушачи, непушачи, семејства со деца и оние без деца.

Што мислите, може ли забраната за пушење на плажа да влијае на туризмот во Грција?

Слично

Поврзани вести