Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛОСЕН ФИЈАСКО: Пропаднаа преговорите околу Фиат, за утре најавени блокади

ЦЕЛОСЕН ФИЈАСКО: Пропаднаа преговорите околу Фиат, за утре најавени блокади

Пропаднаа преговорите меѓу работниците од фабриката Фиат, Стелантис и Владата на Србија, дознава Нова.рс.

Од утре се очекуваат блокадите кои претходно ги најавија работниците.

Потсетуваме, вчера се одржа четвртата рунда преговори меѓу претставниците на работниците од Фиат и Владата на Србија, а најголем проблем беа отпремнините, со оглед на тоа што Владата не сакаше да одобри отпремнини согласно годините на стаж. Вработените, пак, сметаа за срамна понудата од 4.000 евра за 10 години работа.

„Излеговме со барања и треба да добиеме одговор утре околу 11 часот“, изјавија вчера по средбата претставници на преговарачкиот тим, додавајќи дека доколку до договорениот датум не добијат одговор или конкретни понуди, ќе организираат протест.

На работниците на Фиат претходно им беше поставен ултиматум, или две години работа во странство или отказ со отпремнина. Единствено сега е сигурно дека 500 работници ќе бидат технолошки вишок. 

Извор: Нова.рс

Фото: EPA/SRDJAN SUKI

Слично

Поврзани вести