Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛИОТ РЕГИОН Е СО ДЛАБОКИ ЕКОНОМСКИ ЛУЗНИ: ММФ објави што не очекува во следниот период

ЦЕЛИОТ РЕГИОН Е СО ДЛАБОКИ ЕКОНОМСКИ ЛУЗНИ: ММФ објави што не очекува во следниот период

Според тековната прогноза на ММФ за следната година, со исклучок на Белорусија, Русија и Украина, регионот ќе забележи 3,5 отсто помал раст отколку што се очекуваше непосредно пред пандемијата во 2020 година.

Источна и Југоисточна Европа се соочуваат со длабоки економски „лузни“ и висока инфлација со слаб економски раст, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

- Кога станува збор за растот, регионот се соочува со длабоки економски лузни - рече Георгиева на конференцијата организирана од ММФ и Хрватската народна банка во Дубровник.

Според сегашната прогноза на ММФ за следната година, без Белорусија, Русија и Украина, регионот ќе забележи 3,5 отсто помал раст од очекуваниот непосредно пред пандемијата во 2020 година, пренесува Capital.ba.

- Тоа е како да земете 50 милијарди евра од џебот на луѓето во овие пет години - рече Георгиева.

Таа изјави дека постојаната висока инфлација и слабиот раст остануваат главни предизвици за регионот.

- Предвидуваме дека инфлацијата ќе остане значително над целите на централните банки и по следната година - заклучи Георгиева.

Слично

Поврзани вести