Целата фирма им ја дал на работниците! Германскиот крал на модата го шокираше деловниот свет!
Германскиот крал на модата, мултимилионер и успешен бизнисмен Хелмут Шлотерет на своите вработени им ја претстави својата мултимилионска модна куќа „Марк Кејн“!
Станува збор за потег и причина за која брмчи цела Германија и која ја изненади јавноста. Неговата успешна компанија се наоѓа во провинцијата Баден-Виртемберг.
Сите акции што ги имаше тој им ги префрлил на своите вработени, кои ќе продолжат да ја произведуваат женската гардероба која го прослави низ Германија, а е позната и во светот.
Шефот и основач на успешна компанија беше на нејзино чело 50 години, а пред неполни три години му донесе продажба вредна 200 милиони евра.
Сега со компанијата ќе управува нешто како работнички совет во кој се сите секторски раководители.
„Најважно ми е компанијата да биде во вистински раце, бидејќи продажбата никогаш не била моја опција, а бидејќи јас и сопругата немаме деца, така решив“, изјави богатиот Германец, кој исто така е на Листа на Форбс.
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN