Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛА НОЌ ГОРЕЛА БОЛНИЦА ВО СРБИЈА: Евакуирани стотина пациенти меѓу кои и многу деца

ЦЕЛА НОЌ ГОРЕЛА БОЛНИЦА ВО СРБИЈА: Евакуирани стотина пациенти меѓу кои и многу деца

Пожарот што синоќа избувнал во Специјализираната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран дури изутрината, а спасувачите успешно евакуирале околу стотина пациенти, меѓу кои и триесетина деца, јави Радио телевизија на Србија.

Пожарот, чија причина се уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно 114 пациенти.

Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.

Засега е неизвесно кога болницата која прима пациенти од повеќето земји во регионот, ќе се врати во функција.


Слично

Поврзани вести