Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е ГРАДИЛИШТЕ: Николоски вели дека се градат автопати, се работи и на железничката и авио инфраструктурата

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е ГРАДИЛИШТЕ: Николоски вели дека се градат автопати, се работи и на железничката и авио инфраструктурата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, вели дека Македонија е станата градилиште. 

„Цела Македонија е градилиште, имаме во Општините преку 1200 активни проекти кои ги поддржува Министерството и транспорт заедно со владата. Тоа се само преку министерството за транспорт и владата, да не зборувам за проектите кои одат преку Министерството и Јавното претпријатие за државни патишта, дали е тоа изградбата на автопатите Охрид-Кичево, сега работиме на Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола, дали е тоа пуштањето во употреба на двата правци на експресниот пат Прилеп-Градско, понатаму Куманово-Крива Паланка експресниот пат и бројни кои се работат во овој момент, но и се завршуваат проекти, што е многу важно, затоа што години, Македонија не виде завршен проект“, рече Николоски. 

Тој вели дека ја враќаат довербата, дека е способна Македонија, односно Македонците да водат големи проекти. 

„Тука е и железничката структура, тука се аеродромите и авио-линиите, тука се и обновливите извори на енергија. Автопатот Охрид-Кичево беше напуштен проект, симбол за неспособноста на СДСМ и ДУИ. Тоа е проект кој што одзема најмногу од моето работно време и најмногу енергија и фокус посветувам на истиот проект. Сакам да покажеме дека може да се реализираат проекти. Тоа е проект кој што е прво инженерски најтежок, најкомплициран од сите, второ проект кој што беше оставен, но и дефинитивно најтежок“, вели Николоски. 

До крајот на летото, како што најави министерот, ќе бидат пуштени уште 18 километри, а до крајот на следната година, автопатот кој беше почнат во 2014 година, ќе биде пуштен во употреба. 

Слично

Поврзани вести