Цела Кина преплавена со брендот на Доналд Трамп
Кинеските власти по долго време ги одобрија барањата на организацијата на Доналд Трамп за користење на Трамп брендот за голем број на хотели, ресторани, барови, голф терени и економски објекти.
Кина повеќе од година дена ги разгледуваше барањата за брендирање на 38 објекти со името на Трамп кои се директни инвестиции или франшизи на компанијата на новиот американски претседател.
За комплетна регистрација на Трамп брендирањето ќе следи период од 90 дена во кој ќе може да се достави жалба до кинеските власти.
Сенаторот Бен Кардин побара истрага од Конгресот со цел да се спречи злоупотреба на функцијата на Трамп за бизнис цели што се коси со американскиот Устав.
Слично
