Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛ ОД 15 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Алибаба се спрема да излезе на берзата во Хонг Конг

ЦЕЛ ОД 15 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Алибаба се спрема да излезе на берзата во Хонг Конг

Компанијата која во моментов ја држи водечката позиција во светот кога станува збор за вредноста на собрани средства при иницијална јавна понуда, имајќи предвид дека во 2014 година на Њујоршката берза прибави 25 милијарди долари, кон крајот на ноември планира да излезе на Хонгконгшката берза.

Оваа вест ја пренесоа светските агенции, кои објавија дека кинеската компанија за онлајн трговија „Алибаба“ планира во последната недела на ноември да излезе на таа берза а целта и е да прибере до 15 милијарди долари.

Изворите кои барале да останат анонимни при споделувањето на оваа информација поради чувствителноста, посочиле дека постапката на Алибаба е да се најдат потенцијални инвеститори и листирањето на акциите би се одржало во неделата која почнува на 25 ноември.

Но, компанијата првично треба следната недела да побара одобрение и од хонгконгшката комисија за листирање акции.

Компанијата Алибаба меѓудругото денес е вредна 460 милијарди долари.

Во септември нејзиниот основач и милијардер Џек Ма замина од челната позиција на компанијата во пензија.

Слично

Поврзани вести