ЦЕЛ МЕСЕЦ АТИНА ПОД КАРАНТИН: Грците од денес во нов „lockdown“
Зголемениот број на хоспитализации и број на новозаразени од коронавирус, ја ставија Атина под карантин цел месец.
Од утрово од 6 часот почна „lockdown“ состојбата на полуостровот Атика , слично како што беше во март минатата година.
Црквите и сите продавници повторно ќе се затворени, освен аптеките, супермаркетите, пекарите и бензинските пумпи.
„Третиот бран на епидемијата“ пристигнува во Грција, бројот на ново заразени лица денес се искачи на 1.526, наспроти 638 во понеделникот, а половина од нив се во Атина. 277 лица биле интубирани во болниците.
Слично
