Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Carrefour“ тоне во банкрот: Заминува и од Бугарија!

„Carrefour“ тоне во банкрот: Заминува и од Бугарија!

Хипермаркетите „Carrefour“ кои со месеци се соочуваат со потешкотии во Бугарија, ставаат клуч на врата.

Грчкиот конгломерат „Marinopoulos“ - сопственикот на „КМБ Бугарија“, компанијата која управува со франшизата на францускиот синџир за Бугарија, поднел барање за стечај, пишува весникот GRReporter.

Грчката компанија падна во тешки финансиски тешкотии во последниве години поради кризата.

Таа размислувала и за варијанти за спојување со конкурентниот синџир во Грција „Sklavenitis“. Нејзиниот ривал сепак неодамна се откажал од идејата, а друго решение за „Marinopoulos“ не беше најдено.

Грчкото издание „Kathimerini“ пишува дека се разгледуваат сите можни сценарија за реструктуирање на групата. Поради големината на нејзините долгови сепак шансите се премногу мали.

Судот ќе го разгледа барањето на компанијата во септември, додава весникот. Ако тоа биде одбиено, ќе се создаде невидена ситуација поради загубата на огромен број работни места и пари од договорите на компанијата.

Во секој случај ќе се бараат купувачи за сите средства на компанијата, за да се задоволат барем делумно побарувањата на давателите и доверителите.

Во Бугарија финансиските проблеми на „Carrefour“ почнаа со повлекување на францускиот синџир од Грција во 2012 година.

Така „Marinopoulos“ изгуби партнер и остана да ги развива самостојно хипермаркетите под франшиза.

До денес работат само 4 продавници на синџирот од повеќе од 20 во 2010-2011 година. Многумина престанаа да работат со оваа компанија поради акумулираните обврски, поведени се и десетици случаи на стечај .

Како почетен датум за стечај на „Marinopoulos“ е наведен 1 јули, наведува GRReporter.

Компанијата има стекнато долгови над 3 илјади снабдувачи за стотици милиони евра. Според некои проценки долговите достигнуваат дури 2 милијарди евра. Во нив најверојатно влегуваат и обврските кон банките.

Весникот посочува дека се засилуваат стравувањата дека банкрот на групата ќе повлече по себе и други последици, бидејќи таа е сопственик на најголемиот синџир супермаркети во Грција.

Само во Грција за компанијата работата над 13 илјади луѓе. Ако таа не помине успешно во постапката за реструктуирање, сите тие ќе ги изгубат своите работни места, наведува медиумот.

„Carrefour Marinopoulos“бе основана во 1999 како заедничко вложување меѓу „Marnopoulos Group“ и францускиот синџир „Carrefour Group“. Во 2012 француската компанија се повлече од Грција поради должничката криза во земјата и намалувањето на потрошувачката.

Историјата на „Marinopoulos“ сепак датира од крајот на XIX век. Фирмата заминува со една мала аптека во Атина и со годините постепено ги проширува објектите и активностите. Во 1949 година групата се базира нафармацевтскиот конгломерат FAMAR, а во 1962 година го открива и својот прв супермаркет.

Грчката група има долгогодишни партнерства со „Le Printemps“, „Gap“, „Starbucks“ и други водечки светски брендови. Таа веќе ја продаде франшизата за Starbucks во Бугарија.

Во почетокот на 2016 поточно во февруари, Carrefour стави клуч и на хипермаркетот во Скопје.

Како што знаеме Carrefour си замина со големи доглови кон своите добавувачи но и кон банките, кои веќе го покренаа активирањето на хипотеките за да си ги враќаат своите побарувања.

Сопственик на маркетот во Македонија како што јавуваа медиумите беше грчката компанија Маринопулос која ги купи Карфур маркетите во Грција, откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција.

Овој хипермаркет се простираше на површина од 4.650 квадратни метри и беше од најголемите во земјата.

На пазарот ја имаше конкуренцијата од Веро, Тинекс, Жито маркети, но тешко дека причината за затворањето лежи во конкуренцијата, особено што беше единствен ваков маркет во трговскиот центар. Подолго време компанијата пливаше во долгови, а рафтовите често беа празни, купувачите се помалку наминуваа.

Ова не е прв супер бренд кој си заминува од Македонија. Пред неколку години тоа го направи Мек доналдс, оставјќи исто како и сега Carrefour многу прашања зад себе.

Слично

Поврзани вести