Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царовска по забелешките на ММФ: Имаме стратегија за сивата економија

Царовска по забелешките на ММФ: Имаме стратегија за сивата економија

Властите треба да се претпазливи со дополнително ад хок зголемување на минималната плата. И покрај неодамнешното поволно влијание врз минималната заработувачка, минималниот просек на платите во Македонија е на критичен праг, над кој понатамошните зголемувања може да бидат  поврзани со негативни ефекти врз вработувањето на младите и неквалификуваните работници, предупредија од ММФ во анализа за минималната плата во земјава.

Токму на оваа тема министерката Царовска е без конкретен одговор.

Царовска посочува дека зголемувањето на минималецот вродило со резултат а министерството донело посебна стратегија за неформалната економија.

Oд Фондот пак потенцираат дека поголемата минимална плата може да го зголеми бројот на работници кои работат во неформалната, сива зона.

„Исто така, може да предизвика реорганизација на официјални и неофицијални плаќања без да влијае врз вистинските надоместоци, особено ако постојат стимулации за избегнување на даноци и повисоки придонеси за социјално осигурување“, стои во извештајот.

Слично

Поврзани вести