Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ИЗМАМА ПРИ УВОЗ НА ИНВЕРТОРИ ЗА СОЛАРНИ КОЛЕКТОРИ: наместо 15 отсто, шпедитерите плаќање 10 проценти царина

ЦАРИНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ИЗМАМА ПРИ УВОЗ НА ИНВЕРТОРИ ЗА СОЛАРНИ КОЛЕКТОРИ: наместо 15 отсто, шпедитерите плаќање 10 проценти царина

Откриени царински измами со инвертори за соларни колектори „тешки“ 1,5  милиони денари, објави Царинска управа од каде посочуваат дека измамите ги правеле лиценцирани застапници - шпедитери. 

- Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги, при контрола на увоз на соларни уреди, открија царински измами во висина од 1,5 милиони денари. 

Лиценцирани застапници –шпедитери, иако ги добиле фактурите на кои јасно стои дека се увезуваат инвертори за соларни системи, при царинската постапка ги пријавувале како генератори со пониска царинска стапка. Така, наместо 15 отсто, царината била наплатена со 10 проценти. 

Неправилностите биле откриени по спроведени пост-контроли и проверки на сметководствената и комерцијалната документација, при што се обезбедени докази за сторено кривично дело царинска измама, казниво според Кривичниот законик - се истакнува во соопштението на Царинската управа. 

Од таму посочуваат дека само во јули, по контроли на потеклото и вредноста на увезената стока, Царинската управа наплати три милиони денари по основ на избегнати давачки. 

Воедно посочуваат дека ќе продолжат со активности за заштита на финансиските интереси на државата и за обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Слично

Поврзани вести