Царини од 50 отсто за Бразил - Трамп потпиша наредба
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 проценти, објави Белата куќа.
Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во САД, почнувајќи од 1 август.
Тој ги услови царините, за кои објасни дека ќе стапат на сила на 1 август, со тоа како Бразил ќе се справи со поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е на судење по обвинение за наводно планирање државен удар за да се спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата.
Трамп воведува царина од 25 проценти на стоки од Индија почнувајќи од петок, остро критикувајќи го Њу Делхи за неговите воени и енергетски врски со Русија.foto freepik.com
Слично
