Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦАРИНА ЗА УВОЗОТ НА МАЗУТ: Има откриено низа обиди за погрешно и неправилно пријавување на стоките

ЦАРИНА ЗА УВОЗОТ НА МАЗУТ: Има откриено низа обиди за погрешно и неправилно пријавување на стоките

Од Царинската управа велат дека во процесот на царинење на мазутот, основна функција на Царината е да утврди првенствено дали декларираниот мазут, навистина претставува мазут, или се работи за некој друг вид на масло за горење. 

Додаваaт дека ова е од исклучителна важност, затоа што во секојдневната пракса, низа увозници сакаат да ги декларираат нивните производи како мазут, наместо како дизел горива, со цел да платат помала акциза, бидејќи мазутот има пониска акциза во однос на другите нафтени деривати. 

„Од тој аспект, првенствена контрола на Царинската управа е контрола на фискалниот аспект на нафтените деривати, односно правилна наплата на царинските давачки, ДДВ и акцизата, како и правилно утврдување на царинската вредност. Во периодот 2018-2020, Царината има откриено низа обиди за погрешно и неправилно пријавување на стоките, со цел плаќање на помали увозни давачки. Кај сите увозници се извршени дополнителни наплати и прибрани значителни финансиски средства. Во оваа постапка, Царината ги користи и услугите на сопствената царинска лабораторија, чија основна функција е анализа на фискалните параметри на нафтените деривати, со цел правилно полнење на буџетот на државата. Овој вид на контрола е исто така, во согласност со препораките на Европската Унија за спроведување на царинските контроли, што се дефинирани во Поглавје 29. Во однос на спроведувањето на мерките на трговската политика (дозволи, забрани и ограничувања) што се применуваат при внесување на мазут во царинското подрачје на Република Северна Македонија, предвидено е доколку мазутот содржи сулфур над 1% да не смее физички да влезе на територијата на државата. Од тие причини, Царината преку царинската лабораторија врши задолжителна контрола единствено на содржината на сулфурот. Доколку мазутот содржи поголема количина на сулфур од дозволеното, тој физички не смее да влезе во државата. Оваа одредба е содржана во Одлуката за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз, каде е предвиден режимот на забрана“, информираат од Царинската управа. 

За мазутот има одредни карактеристики кои  се предвидени во Правилникот за квалитет на нафтени деривати. 

Слично

Поврзани вести